Салах и Мане го казнија Лајпциг – Ливерпул со одлична предност во Будимпешта

Ливерпул има одлично водство од 0-2 на првиот меч против Лајпциг што се игра на неутрален терен, откако избраниците на Јирген Клоп одлично ги казнија грешките на домашните дефанзивци на стартот од второто полувреме.

Салах го отвори резултатот користејќи едно погрешно додавање до последната линија, по што египетскиот ас без мака го совлада голманот Гулаши. Нешто подоцна Мане истрча по едно долго додавање од сопствената половина, се снајде далеку подобро од Мукиеле и во ситуација „еден на еден“ рутински го матираше домашниот чувар на мрежата.

Се вчитува...