Мохамед Салах и Ријад Марез нема да се натпреваруваат со своите репрезентации на Светското првенство кое ќе се одржи од 20. ноеври до 18. декември во Катар, но ќе биде дел од него откако добија договор како стручни консултанти за „beIN Sports”.
Како потсетување, Египет не успеа да дојде до место на Мундијаот откако загуби во драматична пенал серија против Сенедал, додека во драчатичен двомеч Алжир беше елиминиран од Камерун.
Египет настапи на претходното Светско првенство во Русија, но не успеа да се прослави, додека Алжир последниот настап го забележа во 2014 година во Бразил.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА