“Салах има мозок на мува!”

Фудбалската легенда Марко Ван Бастен е само уште еден од истакнатите европски фудбалски личности кои удрија по Мохамед Салах откако Египќанецот отворено во јавност го критикуваше Ливерпул, истакнувајќи дека не е задоволен од односот на премиерлигашот кон него.

Салах предизвика бројни полемики и незадоволство на „Енфилд“, па беше и избришан од Слот за мечит против Интер во Лигата на шампионите.

„Тој има мозок на мува. Да, факт е дека лани беше добар на теренот, но оваа сезона е ужасен. Катастрофално лош. А, Слот е искрен и добар тренер, не бега од конфликт и факт е дека донесе вистинска одлука. Салах се понесе крајно непрофесионално, реагираше погрешно и мора да трпи последици“, вели Марко Ван Бастен.

Се вчитува...