УЕФА се збогуваше со поранешниот палестински репрезентативец Сулејман Ал-Обеид, кој беше убиен во израелски напад во средата додека чекаше хуманитарна помош во Газа.
„Збогум на Сулејман ал-Обеид, „палестинскиот Пеле“. Талент кој им даде надеж на децата, дури и во најтешките времиња“, објави УЕФА покрај неговата фотографија.
Мохамед Салах зборуваше на оваа тема на своите социјални мрежи. Ѕвездата на Ливерпул коментираше ја нападна УЕФА:
„Можете ли да ни кажете како почина, каде и зошто?“, напиша Салах.
Објавата предизвика многу критики на социјалните мрежи бидејќи УЕФА не ги прецизираше околностите на неговата смрт и не ја спомена израелската армија.
Според Палестинската фудбалска федерација, во израелските напади досега загинаа 321 лице поврзано со фудбалот во Палестина.
Обеид беше убиен во бомбардирање од страна на израелската армија додека чекаше хуманитарна помош во Газа. Имаше 43 години.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

