Мохамед Салах е фудбалер од светска класа, но асот на Ливерпул уште повеќе импресионира уште повеќе со својата скромност и човечност, што го направи идол во многу делови од светот, пред се меѓу африканската популација.
Една од приказните во која Салах го потврдува и тој дел од својот карактер е неговата средба со Амар Халаби, 16-годишно момче на кого фудбалерот на Ливерпул му е идол. Малиот Амар е болен од мускулна дисторфија, отсекогаш велел дека сон му е да го запознае Салах во живо, а фондацијата „Make-A-Wish“ тој сон му го претвори во стварност.
Тој со своето семејство од Сирија пребега во САД, а Салах за време на американската турнеја на Ливерпул најде време за да се сретне со Амар.
„Сите го сакаат Салах, но јас го обожувам бидејќи е прекрасна личност и сакам да бидам како него. Не можам да поверувам дека дојде да се запознае со мене, ова чувство е неверојатно“ – изјави младиот Амар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА