Салах му донесе победа на Египет (ВИДЕО)

Со голот на Мохамед Салах, селекцијата на Египет дојде до првата победа на Африканскиот Куп на Нации. Денеска Египѓаните беа подобри од Гвинеја Бисау, кој на крајот постигна гол, но истиот беше поништен.

Салах во 69. минута стрелаше, и тој гол беше доволен за победа, за големи три бода за пласман во следната фаза на својата селекција. Во првото коло, Египет беше поразен од Нигерија која денеска ја оствари и втората победа и со тоа веќе е во следната фаза на КАН.

Се вчитува...