Ливерпул потешко од очекувањата го совлада Евертон во градското дерби, и ја продолжи серијата на добри резултати. Избраниците на Јирген Клоп иако во поголем дел од мечот имаа играч повеќе, стигнаа до победа во вториот дел со двата гола на Мохамед Салах во последните 15 минути.
Египќанецот првиот гол го постигна во 75. минута кога беше прецизен од белата точка, за во седмата минута од судиското надополнување го реши прашањето околу победникот.
Евертон од 37. минута играше со играч помалку. Исклучен беше Ешли Јанг. И со 11 во поле, „сините“ тешко се справуваа со противникот, и само му ја олеснаа задачата на својот градски ривал.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

