Благодарение на изонредната сезона на Мо Салах, Ливерпул полесно од очекуваното стигна до титулата во Премиерлигата и тоа на четири кола пред крајот на шампионатот.
Египетскиот репрезентативец му помогна на својот тим во најголемата цел – шампионскиот трофеј па сега ги сврте приоритетите и најави атак на рекордот на легендарниот Алан Ширер стар 30 години.
„Сега ќе бркам инволвираност во погодоци. Се надевам дека што поскоро ќе го соборам овој рекорд. Знам дека го соборив рекордот кога е во прашање сезона со 38 натпревари. Сега ми треба уште еден гол или асистенција, така? Ги броев!“, еуфорично изјави Салах.
Салах во сезоната е инволвиран во 46 голови со Ливерпул од кои 28 пати самиот тој ја тресеше мрежата па сега му недостасува само еден гол од рекордот на Ширер кој во сезоната 1994/95 учествуваше во 47 погодоци за својот Блекбурн.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА