Фудбалерот на Египет и на Ливерпул, Мохамед Салах најави дека можеби повеќе нема да игра за репрезентацијата. После промашувњето во пенал серијата, избраниците на селекторот Карлос Кеирош останаа без пласман на Мундијалот во Катар. Ова им беше втор болен пораз од Сенегал во 2022 година, затоа што истото им се случи во финалето на Африканскиот куп на Нации.
После мечот Салах, кој имаше 84 настапи во дресот на Египер, одржа емотивен говор од кој може да се претпостави дека наскоро ќе заврши со репрезентцијата.
„Почестен сум дека играв со вас и горд сум на тоа, без разлика дали ќе бидам со вас или не“, рече играчот на Ливерпул.
Египет после мечот се жалеле дека навивачите на Сенегал му пречеле на Салах во пенал серијата, светејќи му со ласери. Во жалбата стои дека имало расистички навреди.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА