Јирген Клоп има причина за загриженост откако беше обелоденето дека Мохамед Салах нема да може да настапи на наредните средби на Египет поради обновената повреда на скочниот зглоб.
Одличниот голгетер поради таа повреда го пропушти дербито со Манчестер Јунајтед пред дваесетина дена, оттогаш настапуваше повреден за Ливерпул, но по последното дерби со Сити и дуелот со Фернандињо ситуацијата повторно е влошена.
Салах отпатува за Египет, но по деталните лекарски прегледи беше утврдено дека нема шанси тој да настапи на дуелите со Кенија и со Коморос.
Во таборот на Ливерпул стравуваат дека повредата може да е сериозна, па Салах да пропушти најмалку неколку средби на „црвените“. Тој е неизвесен за првиот меч по репрезентативната пауза, гостувањето против Кристал Палас, а се очекува во следните денови и враќањето назад во Англија да му бидат извршени нови прегледи, по што ќе следи и конкретна пауза кога тој би можел да му се стави на располагање на Клоп.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА