Салах не мрда од Ливерпул: Ова е само почеток…

Мохамед Салах ги израдува фановите на Ливерпул објавувајќи дека нема намера да си замине од „Енфлд“ без оглед на интересот на бројни европски гиганти за неговите услуги. Реал Мадрид делува најконкретно, подготвувајќи понуда од 200 милиони евра, но Салах при добивањето на наградата за „играч на годината на Ливерпул“ јасно порача дека неговите планови за иднината се поврзани со сегашниот клуб.

„Многу сум среќен овде, се е навистина прекрасно. Имам амбиции за во иднина, но тие се поврзани со Ливерпул. Ова беше одлична сезона, сега се наоѓаме во финалето од ЛШ и сите во клубот се возбудени. Сепак, ова е само почеток. Ова ми е прва година на мене и на уште неколку фудбалери, затоа верувам дека во иднина ќе бидеме уште подобри“ – истакна Салах.

Египќанецот сезонава постигна 43 гола во сите натпреварувања, но останува максимално скромен, пофалбите делејќи ги со соиграчите.

„Среќен сум што ги добивам овие награди. Навистина имав добра сезона, но немаше ништо да сторам ако не беше поошта од соиграчите. Ливерпул е таков тим, сите си помагаме да играме уште подобро, јас правам се за да помогнам. Сега сите имаме иста желба – успешно да ја завршиме сезоната“ – порача Мохамед Салах.

 

Се вчитува...