Салах: Не сакам да верувам во теорија на заговор, но ова не беше нормално

Мохамед Салах и сезонава игра во извонредна форма, постигнувајќи 19 гола и 10 асистенции во дресот на Ливерпул во Премиер-лигата.

Египќанецот важи за еден од најдобрите фудбалери на дешеницата, па токму затоа не го крие разочарувањето што во изборот за „Златната топка“ за 2021 година го освои само седмото место. Салах освои само 121 глас, речиси 500 помалку од Лео Меси, кој се закити со големото признание и покрај променливите игри и за Барса и за ПСЖ во годината што измина.

„Да бидам искрен, резултатите од гласањето за „Златната топка“ ме шокираа. Да го освојам само седмото место, нормално беше да очекувам далеку подобар пласман, а ме радува што целокупната фудбалска јавност ја дели мојата шокираност. Не сум човек што верува во теории на заговор и не сакам да мислам дека некој има нешто против мене, но резултатите од гласањето сигурно не беа нормални според моите стандарди“, истакна Салах.

Се вчитува...