Мохамед Салах ќе биде една од главните теми во следните неколку месеци. Египќанецот пред неколку дена „удри“ по својот тим Ливерпул, поради тоа што и натаму не добил понуда за продолжување на договорот.
Веќе почнаа да кружат шпекулации за неговата нова средина, а тој би можел кариерата да ја продолжи во Саудиска Арабија, од каде се подготвени да му понудат добар договор.
Наводно интерес за Мохамед Салах има од италијанскиот првак Интер, кој е подготвен на се, само крилниот играч да дојде на „Џузепе Меаца“ идното лето.
„Нероазурите“ се подготвени да се откажат од тројца фудбалери, само да направат простор во буџетот за платата на Египќанецот. Они се одлучни следното лето да се откажат од Марко Арнаутовиќ, Мехти Тареми и Жоакин Кореа само да му понудат на Салах договор кој нема да може да го одбие.
🚨 Inter have joined the race to sign Mo Salah as a free agent and are prepared to offload Marko Arnautović, Mehdi Taremi and Joaquin Correa to make room in the salary budget.
(Source: Fichajes) pic.twitter.com/w39CPokEG6
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) November 29, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА