Салах: Ова е мојот последен натпревар против Манчестер сити

Фудбалерите на Ливерпул играат неверојатна сезона предводени под палката на Арне Слот откако денеска успеаја да го преслушаат на домашен терен и големиот ривал Манчестер сити со 2-0 во меч од 13. коло од Премиерлигата.

Иако Ливерпул има голема причина за славје бидејќи е на добар пат до освојување на титулата, нивниот најдобар фудбалер Мохамед Салах ги шокираше сите со изјавата по мечот.

„Искрено… Во мојата глава е тоа што се уште не го имам продолжено договорот. Засега, ова е мојот последен натпревар за Ливерпул против Сити. Уживав, ќе уживам во секоја секунда овде. Се надевам дека ќе ја освоиме лигата. Ќе видиме што ќе се случи “, рече Салах.

Се вчитува...