Фудбалерите на Египет го победија Џибути со 03, со што математички си го обезбедија местото на Светското првенство. Како гости, „фараоните“ успеаја да ја забележат седмата победа во квалификациите, што беше клучно за пласман на Светското првенство, кое следната година ќе се одржи во Канада, САД и Мексико.
Уште еднаш, Мохамед Салах беше херој на „фараоните“, постигнувајќи го вториот и третиот гол, додека Адел го предводеше Египет до водство.
Ова ќе биде само четврто учество на Египет на Светското првенство, последниот пат кога ги видовме Египќаните на Светското првенство беше во 2018 година во Русија.
Пред Египет, местото меѓу 48-те најдобри репрезентации од „црниот континент“ го обезбедија и Тунис и Мароко.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

