Мохамед Салах нема да ги менува клупските бои до крајот на сезонава и веднаш по враќањето од Купот на Африкански Нации ќе продолжи да го носи дресот на Ливерпул.
Иднината на најдобриот египетски фудбалер беше сериозно доведена во прашање по отворениот конфликт со Арне Слот, откако голгетерот јавно го критикуваше тренерот кој три меча по ред не го вклучи во стартниот тим на Ливерпул. Ситуацијата за момент се смири, Салах настапи против Брајтон, а потоа отпатува на Купот на Африкански Нации каде е најзаслужниот што Египет стигна до полуфиналето.
Дел од медиумите најавуваа јануарски трансфер во Саудиска Арабија, но тоа нема да се случи. Салах веќе ги известил најблиските, како и дел од луѓето во Ливерпул, дека зимски трансфер не доаѓа во предвид. Негова желба е тој да остане на „Енфилд“ и сезоната на Ливерпул да се сврти во позитивен правец. Доколку тоа не се случи, тој сериозно ќе размисли за трансфер во текот на летото, но она што е сигурно во моментов, Салах ќе биде дел од англискиот првак најмалку до јуни.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

