Салах: Сакам да останам, но Ливерпул мора да покаже дека ме цени

Преговорите за нов договор помеѓу Мо Салах и Ливерпул не се одвиваат во најдобар можен ред, а доколку „црвените“ сакаат да го задржат голгетерот во своите редови и по 2023 година, кога истекува актуелниот договор, англискиот клуб ќе мора да го „одврзе ќесето“.

За тоа говореше и самиот египетски репрезенативец кој вели дека и покрај тоа што сака да остане, треба да клубот да му ги исполни барањата и да покаже дека го цени за се што има направено.

„Сакам да останам, но се зависи до нив. Раководството знае што сакам, а јас не барам ништо лудо. Работата е во тоа што доколку бараш нешто, а тие ти покажат дека можат да ти го дадат тоа, тогаш и треба да ти го дадат тоа бидејќи со тоа ќе ти покажат колку те ценат за се што имаш направено за клубот. Ова ми е петта година во клубот и го познавам многу добро, ги обожавам навивачите и тие ме сакаат мене. Но, раководстовото знае каква е ситуацијата и се е во нивни раце“, вели Салах кој нагласува дека парите не му се значајни колку што му е почитта.

Се вчитува...