Салах се враќа за СП, но го пропушта првиот дуел со Уругвај

Мохамед Салах за три недели ќе се врати на терен и ќе биде со египетската репрезентација на СП во Русија, но најверојатно нема да може да го одигра првиот меч против Уругвај на 15 јуни соопшти Фудбалската федерација на Египет.

Салах се повреди во саботата во Киев, на финалето од Лигата на шампионите во кое неговиот Ливерпул загуби од Реал Мадрид. Египетскиот репрезентативец во 30.минута мораше да го напушти теренот после дуелот со Серхио Рамос кој силно го повлече за раката, а Салах падна на рамото и се повреди.

Фудбалерот на Ливерпул во вторникот отпатувал на третмани во Валенсија. Во Египет се надеваат дека нивната главна ѕвезда сепак ќе биде подготвен да и помогне на својата репрезентација на претстојното СП во Русија. Според најавите, Салах би требало да биде во составот на Египет за вториот меч на Мундијалот против Русија на 19 јуни.

Се вчитува...