Салах се врати во тимот на Ливерпул, но на место на одбранбен фудбалер

Ливерпул во моментов го игра првенствниот натпревар против Брајтон во кој има предност од 1-0 со раниот погодок на Екитике.

Иако не стартуваше, Мохамед Салах по сите перипетии со Арне Слот влезе во игра на натпреварот во 26. минута. Интересно е тоа што дефанзивецот на црвените Џо Гомез поради повреда мораше да биде заменет, а на негово место ни повеќе ни помалку влезе Салах.

Се шпекулираат многу работи околу ситуацијата на Салах во Ливерпул, а една од нив е дека ова ќе биде последниот меч за Египќанецот на „Енфилд роуд“.

Се вчитува...