Бурата околу Мохамед Салах и Ливерпул е смирена само привидно, а египетскиот голгетер се уште е решен да го напутши клубот по конфликтот што го имаше со Арне Слот пред крајот на ланската календарска година.
Ливерпул тогаш го казни Салах поради коментарите насочени кон Слот и кон клубот, се шпекулираше дека „фараонот“ би можел да си замине среде јануари, но ситуацијата привидно се смири за време на неговиот настап на Купот на Африкански Нации. Салах во меѓувреме стави до знаење дека не сака да си замине среде сезона, но извори блиски до големиот ас тврдат дека тој е решен да не остане во клубот по завршувањето на сезонава.
Тој е разочаран од односот на клубот, па дури и доколку Слот биде сменет до летово, Салах иднината ја гледа надвор од „Енфилд“. Во тој прилог оди и информацијата дека Ливерпул веќе добил понуда од 30 милиони евра за Салах од Саудиска Арабија. Богатите шеици не планираат да трошат богатство на отштета, но затоа за Салах е подготвена плата од над 50 милиони евра по сезона, значително повеќе од она што тој моментно го заработува во Ливерпул.
Во ситуација кога Роналдо прави скандали, а и останатите европски ѕвезди ги пакуваат куферите, газдите од Саудиска Арабија го гледаат токму Салах како ново заштитно лице на фудбалскиот проект во оваа земја.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

