Екипата на Ливерпул оствари нова победа во Премиер-лигата, и максимално го искористи поразот на Манчестер Сити, за дополнително да се одлепи на чело на табелата. Иако имаа многу проблеми во текот на мечот, сепак, на крајот успеа да освои нови три бода.
Одлично Ливерпул отвори, во 30 минута Собослаи донесе предност. Во 42 минута Амстронг успеа да израмни. Најпрво не го реализираше пеналот, но одбиената топка ја смести во голот.
Во вториот дел Фернандеш на изненадување на лидрот на табелата донесе предност за Саутемптон. Истиот играч имаше шанса и за 3-1, а потоа на сцена стапи Мохамед Салах. Најпрво ја искористи грешката на голманот на Саутемптон, а потоа од пенал успеа да донесе пресврт и победа на Ливерпул.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА