Салах: Тажен сум за Мане, но сега сакам голови и трофеи заедно со Дарвин Нуњез

Мохамед Салах и Садио Мане испишаа златни страници во историјата на Ливерпул, но двајцата аргентински голгетери летово се разделуваат, Салах потпиша нов договор со „црвените“, додека Мане ќе ја продолжи кариерата во дресот на Баерн Минхен.

Египетскиот голгетер не крие дека жали што останува без својот добар пријател, но и верува дека новиот голгетер на Ливерпул, Дарвин Нуњез, ќе биде достојна замена за Сенегалецот.

„Беше неверојатно толку години да се игра крај Садио Мане, освоивме толку многу трофеи заедно. Имавме и разочарувања, но тоа е дел од фудбалот, јас му посакувам на Садио се најдобро. Од друга страна, возбуден сум што во клубот доаѓа млад и талентиран голгетер како Дарвин Нуњез. Тој имаше одлична сезона во Бенфика, одигра одлично против нас и во Ливерпул и во Лисабон и не се сомневам дека ќе ни помогне во остварувањето на зацртаните цели. Тажен сум за Садио, но исто така и сум оптимист дека ќе продолжиме да освојуваме трофеи со помошта на Дарвин Нуњез“, истакна Салах.

Се вчитува...