Салах успеа да урне рекорд на Питер Крауч

Ливерпул славеше со 0-2 на гостувањето на „Џузепе Меаца“ кај Интер во првиот натпревар од осминафиналниот двомеч во Лигата на шампионите. Роберто Фирмино во 75. и Мохамед Салах во 83. минута беа стрелци на головите за „црвените“.

Мохамед Салах со овој гол успеа да испише историја и да се израмни со Питер Крауч како единствени фудбалери кои во иста сезона успеале да стрелаат против двата тима од Милано, Интер и Милан.

На англискиот напаѓач тоа му успеа во сезоната 2010/2011, додека Египќанецот успеа тоа да го направи сезонава.

 

Се вчитува...