Директорот на Јувентус, Фабио Паратичи, ги негираше гласините дека „старата дама“ е тргната во офанзива по Мохамед Салах. Бројни италијански и англиски медиуми пренесоа дека Јуве сака да ги обедини Салах и Роналдо, притоа нудејќи го Дибала и дополнителни 50 милиони евра, но Паратичи јасно стави до знаење дека во таквите шпекулации нема вистина.
„Читам многу работи, меѓу другото и за нашата понуда за Салах, која е реална само во „фантази фудбал“. Ние работиме на некои трансфери, но Салах не е еден од нив“ – истакна Паратичи за „Тутоспорт“.
Италијанскиот шампион заврши голема работа со осигурувањето на потписот на Арон Рамзи од Арсенал како слободен играч, а „старата дама“ покажува сериозен интерес и за Бразилецот Марсело од Реал Мадрид.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА