Салах во преден план: Мане подготвен да си замине од Ливерпул, само два клуба во игра

Садио Мане откако прво ги освои најважните трофеи со Ливерпул, а сега и со репрезентацијата, разгледува нови предизвици. Одличниот напаѓач е подготвен да го напушти Ливерпул во случај да добие понуда од Барселона или Реал Мадрид.

Мане се уште не постигнал договор со Ливерпул за нов договор, а сегашниот му истекува во 2023 година. Се добива впечаток дека приоритет на Ливерпул е останувањето на Мохамед Салах, а интересно е што договорите и на двајцата истекува на 30 јуни 2023 година.

Салах бара многу повеќе пари отколку што му нуди Ливерпул, доколку клубот попушти, не е исклучено и Мане да има поголеми побарувања, што дополнително може да ја наруши атмосферата.

Според шпанската редакција на порталот „Гоал“, една од двете ѕвезди во редовите на „црвените“ ќе мора да си замине од Ливепрул, а на сите им е јасно дека Салах е пред Мане. Доаѓањето на Луис Дијаз дополнително ги подгрева овие сомнежи, особено затоа што подобро се снаоѓа на левата страна отколку на десното крило.

Се вчитува...