Фудбалерот на Ливерпул, Мохамед Салах раскажа за денот кога Јирген Клоп најави дека ќе си замине од Ливерпул. Египѓанецот кажа дека многу чудни работи се случувале тој ден, а потоа дознал дека менаџерот го напушта клубот.
Салах кажа дека очекувал Клоп да го продолжи договорот, но се случило спротивното.
„Имавме закажано состанок во 10:30, што беше многу чудно. Кога дојдов го видов неговиот менаџер, и мислев дека е тука за продолжување на договорот. Потоа Ван Дајк ми кажа дека ќе си замине. Веднаш се запрашав: „Зошто“? – раскажа Салах.
Клоп потоа на медиумите им објави дека заминува од Енфилд на крајот на сезоната.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА