Ливерпул ремизираше со 2-2 на гостувањето против Вест Хем, но главна вест од овој меч беше големиот конфликт меѓу Јирген Клоп и Мохамед Салах веднаш по вториот примен гол на „црвените“.
Салах воопшто не беше на теренот и се подготвуваше да влезе во игра откако беше оставен на клупата по вторпат на последните три меча, Клоп исфрустрирано му пријде и му дофрли нешто, по што голгетерот ги загуби нервите и почна да вика кон својот тренер.
Менаџерот на Ливерпул по мечот прокоментира дека „таа работа за него е завршена“, но Салах дефинитивно не може да прости она што го слушна од својот тренеер.
„Ако кажам нешто, ќе има пожар“, кратко прокоментира најдобриот стрелец на Ливерпул минувајќи крај новинарите, одбивајќи потоа да додаде било што за денешниот натпревар и инцидентот со Клоп.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА