Фантастична беше атмосферата попладнево на „Енфилд“, откако стана јасно дека Тотенхем нема што да бара, па Ливерпул ќе ја искористи првата шанса за да ја прослави својата 20. титула со најверните навивачи.
Победата беше осигурана уште во првото полувреме во кое „црвените“ поведоа со 3-1, а во вториот дел соиграчите се обидуваа да го најдат Мохамед Салах за најдобриот стрелец на тимот да се запише меѓу стрелците.
Салах на крајот и успеа да го совлада Викарио, а „фараонот“ на Ливерпул потоа со стил го прослави фантастичниот момент, сликајќи се „селфи“ пред легендарната трибина „Коп“ и најверните фанови на „црвените“…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА