Со натпреварот помеѓу македонскиот шампион Еурофарм Пелистер и норвешкиот Колстад, во среда (13. септември) и спортската сала „Боро Чурлевски“, ги отвора вратите за натпреварите од Лигата на шампионите.
Како што информираат од Општина Битола, завршија потребните инфраструктурни активности, согласно пропишаните европски стандарди.
„Завршуваат подготовките во спортската сала „Боро Чурлевски“, пред почетокот на новата Лига на шампионите. Со интензивна работа од страна на Општина Битола и во соработка со јавните претпријатија, приватните фирми и активна вклученост на приватниот партнер кој е дел од клубот, ги исполнивме потребните, високи европски стандарди. Со дуелот меѓу македонскиот првак, нашиот РК Еурофарм Пелистер и норвешкиот првак Колстад, во среда спортската сала „Боро Чурлевски“, ги отвора вратите за Лигата на шампионите. Нека ни е среќно и успешно битолчани! За нови големи достигнувања во ракометот!“ – порача градоначалникот на Битола, Тони Коњановски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА