Легендарната сала во центарот на Скопје, „Градски парк“ од денеска ќе го носи името на легендарниот македонски кошаркарски тренер Лазар Лечиќ.
Како што информираат од општина Центар, на денешната седница на советот, а на барање на градоначалникот била изгласана оваа одлука.
„На мој предлог, салата се преименува во чест на човекот кој остави длабока трага во македонската кошарка и во историјата на КК Работнички. Ја реконструиравме од корен и таа сега доби целосно нов лик – заслужува име што ќе го продолжи духот и традицијата на клубот. Горд сум што нашата сала е по ФИБА стандарди, подготвена за нови спортски успеси и генерации кои ќе ја продолжат славната кошаркарска приказна на Работнички. Лазар Лечиќ е вистинска легенда и неговото име ќе живее овде, каде што испиша историја“, вели градоначалникот на центар, Горан Герасимовски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

