Српскиот кошаркарски клуб Мега, подели информција дека салата „Мега Фактори“ од сега ќе го носи името Дејан Милојевиќ, во чест на неодамна починатиот српски тренр кој работеше во овој клуб, а последните денови од животот ги мина како асистент тренер во Голден Стејт.
Генералниот менаџер на клубот со официјално писмо се обрати до кошаркарските власти за да се исврши промена на името во официјалните документи.
„Местото на кое Милојевиќ даде огромен придонес во развојот на голем број врвни играчи и Мега го позиционираше како клуб на американскиот кандидат со клуб со најмногу драфтувани играчи, денеска симболично ќе го носи неговото име и така засекогаш ќе биде тргнат од заборав неговиот лик и дело“, рече Горан Чакиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

