Салата во Вараждин ја чека „фалангата“ (ФОТОГАЛЕРИЈА)

ЕКИПА на ЕП во Хрватска,

Билјана Б. Петрушева, Стеван Цаневски, Игор Паневски

Македонските навивачи имаа свое шоу во првата фаза во „Арена“ во Загреб, а уште пофанатична атмосфера се очекува на следните три натпревари што „црвено-жолтите“ ќе ги играат во Вараждин. Арената во градот домаќин на групата 2 е со капацитет од 5.200 седишта, а со оглед на фактот дека околу 3.000 Македонци пристигнуваат денеска во Вараждин, јасно е која од четирите селекции што денеска ќе излезат на теренот ќе ја има најголемата поддршка.

Во прилог ни оди и фактот дека Словенија е слободна на денешната програма на шампионатот, Унгарија предвреме елиминирана, па во оптек ќе има доволно билети за „фалангата“ да ги наполни трибините и да им даде крилја на избраниците на Раул Гонзалес на вечерашниот дуел со Шпанија.

Се вчитува...