Салемакерс: Немојте да заборавите, Милан се уште е шампион на Италија

Милан одигра феноменален натпревар во Неапол, понижувајќи го лидерот Наполи со убедливи 0-4 на стадионот “Диего Марадона“.

Стрелец на последниот гол за „росонерите“ беше Белгиецот Салемакерс, кој влезе во игра во второто полувреме и по еден извонреден соло-продор на крајот го матираше голманот Мерет.

„Во последните месеци луѓето како да заборавија кој е Милан, можеби и самите сме делумно виновни бидејќи не игравме како што знаевме. Во Неапол покажавме кои сме и што сме, ги потсетивме луѓето дека се уште сме шампиони на Италија. Ваков гол имам постигнато на тренинг, никогаш на натпревар, но ми се отвори простор, решив да го искористам. Видов дека Жиру е до мене и можев да го проиграм, но одлучив самиот да завршам… и се заврши добро“, изјави Салемакерс.

Милан и Наполи ги очекуваат уште два натпревари во наредните петнаесет дена, четвртфиналните мечеви од Лигата на Шампионите закажани за 12 и 18 април.

Се вчитува...