Салернитана демантираше дека ќе го донесе и Давид Луиз

Спортскиот директор на Салернитана, Анџело Фабиани, ја коментираше веста за евентуалното потпишување со поранешниот дефанзивец на Арсенал, Давид Луиз. 34-годишниот Бразилец во моментов е слободен агент откако го напушти лондонски Арсенал.

Фабиани потенцираше дека Рибери е последното засилување за нивниот тим, а нови потенцијални засилувања би разгледувале во зимскиот трансфер период.

„Со Рибери, нашиот преоден рок заврши. Направивме доволно. Рибери е нашиот последен фудбалер, а веќе потпишавме со неколку одлични играчи. Нови можни засилувања ќе разгледаме во зимскиот трансфер период“, изјавил Фабијани.

Се вчитува...