Салернитана ја победи Џенова и ја оствари првата историска победа во Серија А, Пандев доби шанса од клупата

Фудбалерите на Салернитана остварија историска победа, успевајќи да ја поразат Џенова со 1-0 и да предизвикат вистинско фудбалско лудило во Салерно.

Дебитанот оваа сезона забележа низа на негативни резултати, па оваа победа им дојде како „мелем на рана“ за повторно да ја вратат самодовербата и да покажат дека не случајно се најдоа во Серија А.

Оваа голема победа на домашниот тим ја донесе Милан Ѓуриќ во 66-та минута. Горан Пандев доби шанса во 73-та минута, но ниту тој не успеа да ја спаси Џенова од овој пораз.

Салернитана по оваа победа има 4 бода и се наоѓа на претпоследното место, додека Џенова со 5 останува на 16-та позиција.

Фудбалерите

Се вчитува...