Салиба го продолжи договорот со Арсенал

На големо жалење на Реал Мадрид, Вилијам Салиба останува во Лондон. Арсенал успеа да се договори со стоперот од Франција и да ја продолжи соработката до 2030 година.

Реал Мадрид го таргетираше одличниот стопер за да го доведе следната сезона за малку пари, со оглед на тоа што договорот со Арсенал му истекуваше во 2027. Сепак, „топчиите“ брзо реагираа и му обезбедија на Салиба нов, петгодишен договор.

Заедно со Габриел, Французинот е единствениот стандарден играч во одбраната на Арсенал. Позициите лев и десен бек се предмет на промена, со оглед на тактичките барања на играта, но Микел Артета има целосна доверба во двајцата стопери.

Ова не е крајот на добрите вести за Арсенал. Во тек се финалните преговори за продолжување на соработката и со Букајо Сака.

Се вчитува...