Салихамиџиќ: Мусиала не е на продажба па дури и ако понудат над 100 милиони евра

Спортскиот директор на Баерн Минхен, Хасан Салихамиџиќ, рече дека клубот нема намера да се раздели со својот фудбалер Џамал Мусиала, па дури некој да понуди и повеќе од 100 милиони евра.

Во првите три меча сезонава, Мусиала постигна три гола за „Баварците“ и се наметна како еден од клучните фудбалери во играта на германскиот првак.

На новинарското прашаање „Како ќе дејствувате доколку следната година ви понудат за Мусиала повеќе од 100 милиони евра?“, Салихамиџиќ одговори:

„Не е на продажба“, рече кусо Салихамиџиќ.

Се вчитува...