Салцбург направи рекорден трансфер во Австрија

Австрискиот првак Салцбург ова лето направи рекорден трансфер плаќајќи 12 милиони евра за ангажман на Максимилијан Вебер. Тој доаѓа од Севилја каде играше минатата полусезона како позајмен играл од Ајакс.

Вебер има 21 година и потекнува од школата на Рапид Виена, а дебитираше за најдобрата репрезентација на Австрија и има пет настапи. Досегашниот рекорд за најголем трансфер во австрискиот фудбал го држеше Мунас Дабур кој пред три години дојде од Грасхоперс за 5 милиони евра.

 

 

 

Се вчитува...