Салцбург е новиот европски првак во Лигата на шампиони за младинци, откако австрискиот клуб во големото финале славеше над Бенфика со 2-1. Интересно, патот на Салцбург до врвот почна токму од Македонија, откако оваа екипа се сретна со Вардар во првото коло од елитното европско натпреварување за младинци.
Австријците тогаш славеше со убедливи 5-0 на домашен терен, по што триумфираа и со 0-3 на гостувањето во Скопје, за почеток на серијата од девет меча без пораз, со која се искачија на врвот на Европа.
Во денешното финале Бенфика беше тимот што прв дојде до предност преку Гомеш во 29. минута, но фудбалерите на Салцбург покажаа карактер и со пресврт во последните петнаесет минути стигнаа до победата, со головите на Патсон и на Шмит.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА