Заборавениот грчки фудбалер Јоргос Самарас, повторно ќе се врати во Европа, а својата кариера ќе ја продолжи во шпанската Секунда.
Како што пренесуваат тамошните медиуми, тој ќе го облече дресот на Сарагоса, кој после 24 натпревари се наоѓа на 12. место на табелата, со 31 освоен бод. Некогашниот грчки репрезентативец ја напушти Европа во 2015 година и замина во американскиот тим Раjо Оклахома сити.
Претходно, истата година настапуваше како позајмен играч во Ал Хилал од Саудиска Арабија, а неговите најдобри денови ги имаше во шкотски Селтик, за кого одигра на 249 натпревари и 74 пати се запиша во листата на стрелците.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА