Бурно е во таборот на Работнички откако најтрофејниот македонски кошаркарски колектив ги загуби првите две полуфинални средби од ТФТ. Неофицијално, овие порази значеа и крај на соработката меѓу Работнички и Горан Самарџиев, откако кавадаречкиот стратег решил да се повлече од тренерската функција.
Вториот пораз во кој Работнички имаше двоцифрена предност, а на крајот загуби со 71-59, ја прелеа чашата на незадоволство што владееше, за на крајот Самарџиев да донесе одлука да си замине од клупата на „центарци“. Тој дојде на клупата на „црвено-белите“ на крајот од 2023 година, а сезонава бележеше сосема добри резултати без оглед на големата финансиска криза и долговите што ги имаше управата кон кошаркарите и стручниот штаб.
Останува да се види кој ќе ја води екипата на третиот меч од полуфиналето против ТФТ, по што се очекува левото да биде ангажиран нов стратег кој ќе има тешка задача – да се обиде да го врати на тронот на македонската кошарка што во моментов е сопственост на вечниот ривал МЗТ Скопје.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

