Самарџиев: Ќе дадеме 110 отсто за Македонија

Македонската кошаркарска репрезентација до 20 години ги заврши првите подготовки за престојното Европско првенство кое ќе се одржи во Ерменија одигрувајќи четири пријателски натпревари во Романија од кои еден со романската репрезентација до 18 години.

Селекторот Горан Самарџиев не го крие задоволството од прикажаното на избраниците во овој дел од подготовките и верува во добар настап на шампионатот.

„Задоволен сум од досегашното залагање на момците, бидејќи, и тоа како, се борат за место во тимот. Засега имаме навистина добра атмосфера, и секој ден гледаме да напредуваме се повеќе и повеќе како репрезентација, без разлика на тоа што овие момци немаат, ама скоро никакво, прволигашко искуство.

Ќе дадеме максимум на секој тренинг и „контролите“ кои следуваат, се со цел да се спремиме што е можно подобро за Европското првенство во Ерменија. Секој од нас мора да даде 110 отсто од своите можности за репрезентацијата и за Македонија“, изјави Самарџиев.

Се вчитува...