Самарџиев: Со помош на публиката до значајна победа против Куманово

Дваесеттото коло од Првата кошаркарска лига носи возбудлив натпревар во Скопје каде Работнички ќе го пречека Куманово во недела со почеток од 19 часот и 30 минути.

Центарци на овој натпревар влегуваат на крилја на триумфите над Тиквеш и Пелистер и целат кон продолжување на низата и против еден од директните ривали за предност на домашен терен во плеј-офот.

„После победата претстава во Битола и победата над Пелистер нашиот тим доби на самодоверба и сега сме во позиција да одлучувме за нашата позиција на табелата. Очекувам тежок натпревар со Куманово на кој во меѓусебен дуел ќе се одлучува кој ќе биде во пол-позиција пред плејоф. Очекуваме огромна поддршка од нашите „Сити Парк Бојс“ и максимално залагање од тимот на овој натпревар. Очекувам фер и коректен натпревар па нека победи подобриот“, изјави тренерот Горан Самарџиев.

Се вчитува...