Младинската репрезентација на Македонија ќе биде значајно ослабена за претстојниот настап на Европското Првенство – Б дивизија што од 11 јули до 20 јули ќе се одржи во Ерменија.
Имено, Андреј Шошкиќ нема да може да настапи на ова натпреварување бидејќи суперталентираниот плејмејкер летово заминува во НЦАА-лигата, така што новиот селектор Горан Самарџиев ќе има тешка задача да го надополни неиграњето на својот доскорешен пулен од Работнички
Подготовките ќе стартуваат на 2 јуни, а Самарџиев денеска го објави поширокиот список од вкупно 22 кошаркари.
ПОШИРОК СПИСОК НА ПОВИКАНИ КОШАРКАРИ „ПОД 20“ ГОДИНИ
Сергеј Младеновски – Вардар
Андреј Чадамов – Тиквеш
Грегориј Јакимовски – Виртус Валмонтоне (ИТА)
Бојан Величковски – МЗТ Скопје Аеродром
Димитар Зетов – МЗТ Скопје Аеродром
Атанасиј Трајанов – Партизан Водно Санс
Бојан Димитриев – Партизан Водно Санс
Павел Иванов – Бартон Колеџ (САД)
Коста Ќириловски – Игокеа (БИХ)
Исак Муареми – Монтебелуна (ИТА)
Стефан Стојковиќ – Феникс 2010
Марко Луканоски – Игокеа (БиХ)
Ангел Стојанов – Ангели
Матеј Николовски – Флорида Костал (САД)
Јордан Кузманов – Кожув
Дино Лазарeв – МЗТ Уни Банка
Ангел Кечовски Универзитет – Оукленд (САД)
Андреј Стојановски – Феникс 2010
Филип Димитриевски – Феникс 2010
Андреј Андоновски – Бутел
Малик Тачи – Чаир 2030
Стефан Јаневски – Мега Баскет
Селектор: Горан Самарџиев
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

