Самарџиќ заминува од Аталанта, два клуба во „борба“ за потпис на Србинот

Лазар Самарџиќ не е задоволен од минутажата која ја има во Аталанта и веќе побарал од раководството на клубот да му биде дозволено заминување во зимскиот преоден рок, пренесуваат италијанските медиуми.

Српскиот репрезентативец го засили клубот од Бергамо летото во трансфер од Удинезе вреден 15 милиони евра, но се најде во прв план кај тренерот Рафаеле Паладино.

За неговите услуги најзаинтересирани се Фиорентина и Лацио, клубови кои често ангажираат фудбалери од Балканот, а како можна дестинација се споменува и Олимпик Марсеј.

Се вчитува...