Центарот на МЗТ Скопје, Предраг Самарџиски, е избран за МВП на последното коло од регуларниот дел од сезоната во АБА2 лигата, по одличниот настап што поранешниот македонски репрезентативец го имаше на дуелот со Спарс.
Самарџиски максимално го искористи отсуството на неколку кошаркари во гостинскиот табор и доминираше под обрачите, завршувајќи го мечот со 26 поени, 14 скокови, 4 асистенции, три украдени топки и три блокади. Севкупно – 39 индексни поени за 35 минути на теренот, одлични бројки како загревање за плејофот и полуфиналните пресметки, исто така против екипата на Спарс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА