Предраг Самарџиски нема да му биде на располагање на Дејан Милојевиќ в сабота на натпреварот против својот поранешен клуб, МЗТ Скопје. Македонскиот репрезентативен центар повторно се врати во редовите на Мега лекс откако мина половина од минатата сезона во дресот на турски Бујукчекмече. Почетокот на тековната сезона Самарџиски ја мина без активности на клупски план поради рехабилитација од операција на десното колено која го спречи и да настапи за националниот тим во квалификациите за претстојниот Евробаскет.
Откако се врати во клубот од Сремска Митровица, Самарџиски пропушти два натпревари за својот старо-нов клуб. Пред четири дена Мега лекс се пресмета со Задар, но Самарџиски не беше ниту на списокот. Исто како и на синоќешниот натпревар против Тенерифе во рамки на кошаркарската Лига на шампиони.
МЗТ Скопје и Мега лекс ќе се пресметаат претстојниот викенд, в сабота (28. јануари) со почеток во 17 часот во спортскиот центар Јане Сандански. Цената на билетите е 100 денари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА