Самарџиски тагува по Милојевиќ: Луѓе мои, каков човек беше тоа, немам зборови…

Огромен шок владее во кошаркарските кругови во регионот по трагичната смрт на Дејан Милојевиќ, извонредниот стратег кој почина во САД како последица од срцевиот удар што го имаше утрово.

Поранешниот македонски репрезентативец Предраг Самарџиски имаше можност да соработува со Милојевиќ во 2015 година во тимот на Мега, а нашиот центар не го криеше шокот од оваа голема трагедија.

„Луѓе мои, не можам да ви опишам како човек беше … Имав можност да учам од него, не за спортот, туку за животот, за љубовта, за се. Каков шок и каква бол…“, напиша Самарџиски на својот твитер-профил.

Се вчитува...