Самет Јигитоглу пред потпис со МЗТ Скопје

Доскорешниот кошаркар на МЗТ Скопје 2, Самет Јигитоглу во новата сезона се очекува да биде дел од првиот тим на аеродромци. Турски центар имаше одлична сезона во дресот на „штркчињата“, по која беше дел и од „Некст-ген“ турнирот на Евролигата каде заигра меѓу најпреспективните млади кошаркари.

Осуманесетгодишникот во македонското првенство настапи на 16 натпревари, а во просек бележеше 10.6 поени и 8.5 скока со кои беше вториот најдобар „скокач“ во регуларниот дел од првенството. Најдобриот натпревар го одигра против МЗТ Скопје кога постигна 20 поени и 5 скока, а имаше далб-дабл учинок од 11 поени и 13 скока против Пелситер.

Доколку аеродромци ја официјализираат соработката со Турчинот тоа ќе биде петти странец во редовите на актуелниот шампион по Американците Вре Ајви, Мајк Кафи, Еван Максвел, и Србинот Страхиња Mиќовиќ.

МЗТ Скопје оваа сезона во враќа во „елитата“ на регионалната кошарка каде нема ограничувања за странски кошаркари, за разлика од домашното првенството каде лимитот е четири. Тоа значи дека тренерот Александар Петровиќ ќе има можност за калкулира со настап на станците во Првата лига во сезоната исполнета со голем број патувања во државате на поранешна Југославија.

Се вчитува...