Францускиот интернационалец Самир Насри би можел да се врати во Премиер – лигата откако ќе ја отслужи суспензијата од 18 месеци од ФИФА поради допинг. Англискиот премиерлигаш Вест хем ја разгледува можноста за негов ангажман, иако тој долг период отсуствува од фудбалските терени. Сепак, квалитетите на Насри воопшто не се спорни. Тој во минатото беше еден од најдобрите фудбалери на Арсенал и на Манчестер сити.
Французинот потоа играше на позајмица во шпанскиот прволигаш Севилја, а во сезоната 2016/17 беше дел од турскиот клуб Анталија. За репрезентацијата на Франција, 31-годишниот Самир Насри има одиграно 41 натпревари и има постигнато пет гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА